Хилсборо – 29 години тага! А, барем половина жртви можеа да бидат спасени!

Не е тајна, 15. април е најтажниот ден во фудбалската историја на Англија. На овој ден, пред 29 години се случи една од најголемите трагедии во фудбалот, на натпреварот од ФА купот меѓу Ливерпул и Нотингем форест, кога животот го загубија 96 навивачи на „црвените“.

Човечка грешка, пропусти во обезбедувањето, доведоа до рушење на трибината на која беа сместени фановите на Ливерпул. Фудбалската асоцијација на Англија одреди навивачите на Ливерпул да бидат сместени на Лепинг Лејн – трибината, на која се влегувало од само еден влез, што довело до создавање на голема маса на луѓе пред почетокот на натпреварот.

Со цел да се намали притисокот пред стадионот, шефот на обезбедувањето на натпреварот, полицискиот службеник Дејвид Дакенфилд наредил да се отвори и тунелот за излез.

Тунелот кој бил затворен во претходните години, отворен за оваа прилика, ги одвел навивачите во густите делови на трибината, и трагедијата во тие моменти била неизбежна. Неколку мигови после почетокот на натпреварот, бариерите почнале да се рушат, навивачите паѓаа едни преку други, и 96 навивачи го загубија животот, и само 14 биле пренесени во болница.

Полицијата ги обвини навивачите, а долгогодишниот притисок од јавноста придонесе после дваесет години од трагедијата, Владата да ги викне полициските служби, медицинските служби да ги презентираат документите во јавноста, и истрагата во врска со несреќата беше повторно отворена.

Во септември 2012 година, донесен е конечен заклучок, дека навивачите на Ливерпул не биле виновни за несреќата, и властите беа тужени дека се обиделе да го сокријат причинителот на несреќата.

Извештајот на истрагата предизвика и јавно извинување на Премиерот Дејвид Камерон и претставникот на Фудбалската асоцијација на Англија, но, и на претставникот на медиумите. Исто така, беше донесен заклучок дека повеќе од 46 луѓе можеле да бидат спасени, доколку добиеле соодветна медицинска помош.

Се вчитува...