Химки ја доби руската пресметка со Зенит

Кошаркарите на Химки ја запишаа и петтата победа во 7. коло од Евролигата славејќи со убедливи 73-87 во руската пресметка на гостувањето против Зенит.

Зенит парираше на Химки само во првата четвртина која заврши со 28-28, а се понатака беше тотална доминација на гостите кои веќе на полувремето заминаа со предност од 43-52.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше предноста за конечни 73-87.

Најефикасни во победничкиот состав беа Девин Букер со 20 поени и Алексеј Швед со 19 постигнати поени. Кај домашните единствено двоцифрен беше Остин Колинс со 25 поени.

 

Се вчитува...