Хиршер: Не сум сигурен дали имам сила за уште една сезона

Со заокружувањето на оваа скијачка сезона големи имиња како Линдзи Вон и Аксел Лунд Свиндал се простија од настапите во Светскиот куп. На изненадување на фановите на алпското скијање, во пензија би можел да замине и освојувачот на Големиот кристален глобус во машка конкуренција Австриецот Марсел Хиршер, кој вели дека тешко пронаоѓа мотив за натамошно докажување.

„Да се биде дел од Светскиот куп не е никаков проблем, но мене ме интересираат само победите, а за тоа морам да пронајдам начин како самиот на себе да си кажам – подготвен сум да ги поминам сите тешки тренинзи, солзи и пот, на патот до победата. Толку страдања поради надеж за успех. Не сум сигурен дали имам сила за уште една година“, рече Хиршер. 

Австриецот сезонава осми пат по ред го освои Големиот кристален глобус во Светскиот куп, со што стана најуспешен скијач на сите времиња.

Се вчитува...