Хјустон гази, Харден е легенда (ВИДЕО)

Џејмс Харден стана првиот НБА кошаркар кој успеал да постигне 30+ поени во дуелите со сите 29 тима од лигата. Зад него остануваат легендите како Коби Брајант и Мајкл Џордан откако, постигна 31 поен во победата на Хјустон над Атланта од 121-105.

 

Со овој триумф 12-ти на последните 13 натпревари, Хјустон е стабилен на третата позиција во Западната конференција во која сепак битката меѓу осумте екипи кои ги држат плеј-оф местата е многу тесна. Разликата меѓу третопласираниот Хјустон и осмопласираните Лос Анџелес Клиперс е само три победи. Тимот на Док Риверс ноќеска оствари победа од 115-109 над Индијана и со три последовни успеси дојде до вкупен биланс од 42/30. Позиција која е многу стабилна во однос на најбискиот конкурент Сакраменто кој пак губи здив и загуби од Бруклин со 123-121.

Водечките екипи во двете конференции забележаа сигурни победи, Голден Стејт славеше со 117-107 над Минесота, а Милвоки ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 115-101. Милвоки и Голдент Стејт веќе го потврдија пласманот ов разигувањето, на Запад место меѓу осумте има и Денвер додека на Исток во плеј-фот се и Торонто и Филаделфија која го победи Шарлот со 118-114.

Се вчитува...