Хјустон и Милвоки стигнаа до трети победи, Денвер до израмнување со Сан Антонио… (ВИДЕО)

Денвер, Милвоки и Хјустон стигнаа до победи во синоќешните натпревари од плеј-оф разигрувањето во НБА лигата.

Денвер славеше на гостувањето против Сан Антонио со 103-117, па израмни во серијата на 2-2. Гостинската екипа одигра феноменална трета четвртина која пресуди за победата. Србинот Никола Јокиќ имаше дабл-дабл ефект од 29 поени и 12 скока, додека Џамал Мари постигна 24 поени. Кај Сан Антонио, Ламаркус Олдриџ постигна 24 поени додека ДеМар ДеРозан заврши со 19 поени.

Милвоки стигна и до третата победа против Детроит, па сега им е неопходна само уште една победа за да се пласираат во следната рунда натпревари. Милвоки славеше со 119-103. Крис Мидлтон со 20 поени беше најефикасен, следен од Брук Лопез со 19 поени, додека Ерик Бледсо и Јанис Адедукомбо имаа по 14 поени. Кај Детроит, Грифин постигна 27 поени, додека Реџи Џексон заврши со 15 поени.

Како и Милвоки, и Хјустон стигна до гостинска победа (101-104) против Јута, па поведе со 3-0 во серијата.

Во крајно неизвесен меч, Хјустон до триумфот стигна со далеку поцврста игра во одбраната која пресуди за конечниот триумф. Џејмс Харден, очекувано, со 22 поени предводеше во победата на Хјустон.

Се вчитува...