Хјустон незапирлив, Бостон демолиран, Лу Вилијамс за историјата (ВИДЕО)

Хјустон се повеќе им се приближува на Денвер и на Голден Стејт на врвот на табелата во Западната конференција откако ја забележа и деветтата последовна победа. Славеше над Шарлот со 118-106 и дојде до вкупен биланс 42/25 што е само една победа помалку од второпласираниот Денвер.

Во пресметката со Шарлот, Хјустон немаше никакви проблеми за триумфот, по воведната четврина имаше 19, а на полувремето дури 29 поени предност. Џејмс Харден постигна 28 поени, Ерик Гордон 22. Кај Шарлот, Кемба Вокер постигна 40 поени. Шарлот има биланс 30/37 и е на десттото место на Исток.

Лос Анџелес Клиперс ја забележаа петтата последовна победа тирумфајќи убедливо во пресметката со Хјустон со 140-115. Тимот од Калифорнија постига поентерски рекорд за оваа сезона во Лигата. Мечот беше во знакот на Лу Вилијамс кој се проби на првото место на вечната листа стрелци кога се работи за резервите.

Со поените постигнати против Бостон, Вилијамс додје до бројка од 11 150 поени и го надмина на листата Сет Кари кој има 11147 поени.  Одличниот бек во 2015 и во 2018 година беше прогласуван за најдобар шести играч.

За Клиперс во моментов е исклучително важно што дојдоа до биланс од 39/26 и што се шестопласирани во Западната конференција.

 

Во дербито на Западната конференција, Оклахома ја победи Јута со 89-89, Бруклин забележа значајна победа над Детоит од  103-75, а Кливленд го шокираше Торонто победувајќи го со 126-101.

 

Се вчитува...