Хјустон подобар од шампионот, Филаделфија се „лизна“ кај Вашингтон (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари. Во дербито на вечерта Хјустон славеше над актуелниот шампион со 109-119. Дваесет и двете погодени тројки беа клучни во победата на Рокетс над шампионот. Прво име во победничкиот табор беше Бен Меклмор кој уфрли 28 поени. Харден го заврши мечот со 23, додека Расел Весбрук забележа нов трипл дабл (19 поени, 13 скока и 11 асистенции). Кај Торонто Сјакам уфрли 24 поени.

Еден од фаворитите во Источната конференција, Филаделдија 76 се „лизна“ на гостувањето кај Вашингтон каде загуби со 119-113. Руи Хачимура со 27 и Бредли Бил со 26 поени беа виновниците за победата на Визардс над Филаделфија, додека 33 поени на Тобајас Харис и 26 поени и 21 скок на Ембид не беа доволни за нов триумф на „Фили“.

Во останатите два меча Денвер го декласираше Њујорк нагости со 92-129, додека Феникс беше подобар од Њу Орлеанс со 132-139.

Се вчитува...