Хјустон бара преигрување, се жали за непризнатото забивање на Харден (ВИДЕО)

Хјустон очекува НБА да преземе мерки за непризнаениот кош на Џејмс Харден во текот на вторто проложение од пресметката со Сан Антонио која „рокитс“ ја загубија со 135-133. Харден постигна 50 поени и во финишот од средбата при можност за кош направи фаул и  неговиот тим ја загуби средбата. Спорните поени беа претходно. Харден заби на 7.50 до крајот, но судиите не го признаат кошот. Со него, Хјустон ќе поведеше со 104-89.

И покрај реакциите од таборот на Хјустон, судиите останаа на одлуката. Хјустон очекува, НБА да им ја додели победата или да бидат преиграни последните седум минути и 50 секунди. Последен пат, натпревар во НБА лигата беше преигран во 2008 година меѓу Мајами и Атланта.

 

Се вчитува...