Хјустон царуваше во дербито со Денвер

Хјустон го декласираше Денвер со преубедливи 112-85 во дерби-пресметката за второто место во Западната конференција. Џејмс Харден беше незапирлив со 38 поени, а одлична игра покажа и Клинт Капела, кој оствари дабл-дабл од 17 поени и 15 скокови. Мареј со 20 поени беше прв стрелец на Денвер, кој сега има две победи повеќе во однос на Хјустон, но би имал послаб пласман доколку двата тима ја завршат сезоната со идентичен скор бидејќи „ракетите“ славеа на три од четирите меѓусебни дуели.

Милвоки со извонредна игра во нападот го совлада тимот на ЛА Клиперс со 128-118. Крис Мидлтон беше во главна улога со 39 поени, додека Адетокумбо го заврши натпреварот со 34 поени, 9 скока и 5 асистенции.

Мајами го победи Далас во „словенечкото дерби“ во НБА-лигата, а Горан Драгиќ ја доби битката со Лука Дончиќ, стигнувајќи до трипл-дабл од 23 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

Резултати НБА:

Детроит – Орландо 115-98, Филаделфија – Бруклин 123-110, Мајами – Далас 105-99, Њујорк – Торонто 92-117, Хјустон – Денвер 112-85, Милвоки – ЛА Клиперс 128-118, Њу Орлеанс – Сакраменто 121-118, Сан Антонио – Кливленд 116-110.

Се вчитува...