Хјустон е тројкашки рекордер во НБА (ВИДЕО)

Во шестата последовна победа во финишот од сезоната во НБА над Феникс од 149-113, Хјустон ги помести границите на лигашката историја постигнувајќи 27 тројки на еден натпревар. И претходниот рекорд од 26 удари од линијата 7.24 исто така му припаѓаше на Хјустон.

Лидер во победата против најслабиот тим во лигата беше Џејмс Харден кој за 30 минути на паркетот постигна 30 поени, а погоди пет од шесте обиди за три поени. „Рокестс“ уште одаман го обезбедија плеј-офот, го држат третото место на Запад и се шампиони во нивната дивизија.

Се вчитува...