Хјустон во победничка серија, Харден несопирлив

Кошаркарите на Хјустон ја забележаа четвртата последователна победа со уште една извонредна партија на првата ѕвезда во тимот Џејмс Харден. Нова жртва на Хјустон беше екипата на Њу Орлеанс која на домашен паркет загуби со 104-108.

Харден запиша уште еден натпревар со над 35 поени. Овој пат ѕвездаат на Хјустон броеше до 41 поен, а на тоа додаде и девет скока и шест асистенции. На другата страна, Рендл имаше 23 поени и 11 скока, 1 Дејвис забележа 22 поени и 11 скока.

Извонредна индивидуална партија во синоќешните дуели имаше и Кемба Вокер во дресот на Шарлот. На гостинскиот пораз на неговиот тим против Вашингтон (130-126), Вокер уфрли 47 поени.

Бостон селтикс славеа на гостувањето кај Мемфис со 112-103. Кејри Ирвинг постигна 26 поени, 13 асистенции и четири скока. Кај домаќи ните ист број поени имаше Конли.

Феноменална партија прикажа Џамал Мареј за тимот на Денвер во победата против Феникс со 122-118. Мареј заврши со 46 поени , дополнети со осум асистенции и шест скока.

Се вчитува...