Хоакин се премисли, на 41 година ќе игра уште една сезона

Крилото на Шпанија Хоакин Санчез кој на крајот на месецов ќе наполни 41 година, ќе го продолжи договорот со Бетис на уште една година. Според тоа, фудбалерот ќе ја игра својата 23-та професионална сезона во кариерата, од кои 14 во Бетис.

Хоакин пред крајот на минатата сезона најави дека ќе замине во пензија, и со тимот го освои Купот на Кралот.

Шпанското крило покрај Бетис, играше и во Малага, Валенсија и Фиорентина. Тој има вкупно 939 натпревари во кариерата, постигнувајќи 118 голови.

Се вчитува...