Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа, од вчера и официјално е нов член на англискиот клуб Лидс Јунајтед.
Хоџа стави потпис на четиригодишен договор со клубот. Младиот фудбалер првично ќе ги брани боите на тимот на Лидс за играчи до 21 година. Сепак, тој веднаш ќе добие шанса со напорна работа да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во првиот, сениорски тим.
Во разговор за официјалниот портал на Лидс јунајтед, Хоџа меѓу другото кажа дека е горд што е Македонец…
„Многу сум горд што сум играч на Лидс јунајтед. Знам дека Лидс е огромен клуб со неверојатни навивачи и големи амбиции. Ветувам дека сум вреден, енергичен и секогаш давам 100 проценти за тимот. Уживам во тренинзите и сакам да помогнам на екипата да има одлична сезона. Да, многу ми се допаѓа Алиоски. Тој е многу страствен и вреден играч. Исто така, играњето за мојата земја ме прави многу горд. Претставувањето на Македонија е огромна чест за мене!“, изјави Хоџа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
