Хофенхајм во 93. минута се спаси од пораз во Келн… (видео)

Хофенхајм со гол во 93. минута извлече реми (1-1) на гостувањето против Келн во првиот натпревар од 30. коло во германската Бундеслига.

Гостите се наоѓаа пред пораз откако Келн поведе со голот на Битенкурт во 58. минута од натпреварот…

Leonardo Bittencourt Goal HD – FC Koln 1 – 0… by footballeverywhere

Но, кога се чинеше дека ќе мора Хофенхајм да се помири со поразот, во 93. минута следеше голот на Демирбеј за конечни 1-1.

Kerem Demirbay GOAL HD – FC Koln 1-1 Hoffenheim… by 87taras

Овој реми за Хофенхајм значи дополнително внесување неизвесност во битката за третото место на табелата кое обезбедува пласман во групите од Лигата на шампионите следната сезона. Хофенјахм и натаму е на третата позиција, но сега со 55 бода, само два повеќе од Борусија Дортмунд која утре ја очекува пресметката со Менхенгладбах.

Се вчитува...