Хокеј: Металург гостин на „Куп на Суботица 2017“

Хокеарите на Металург претстојниот викенд ќе учествуваат на турнир во Србија, каде ќе бидат гости на екипата на Спартак Суботица. „Куп на Суботица 2017“ е натпреварување во кое покрај домаќинот Спартак и македонскиот претставник Металург ќе учествуваат уште и Војводина од Нови Сад и Вукови од Сараево.

Програмата во Суботица ќе стартува со мечот меѓу Спартак и Вукови в петок во 20.30 часот, по што ќе следи мечот меѓу Металург и Војводина. Македонскиот тим во рамките од второто коло ќе се сретне со домаќинот Спартак Суботица, а во третата рунда в недела ќе ги одмери силите со претставникот на БиХ, Вукови.

Овие натпревари ќе бидат нови испити за квалитетот на хокеарите на Металург, кои пред неполни два месеци го освоија турнирот „Скопје Ајс Фестивал“ што се одржуваше во нашиот главен град. На овој турнир „металурзите“ ги одмерија силите со Спартак Суботица, славејќи над српскиот тим со убедливи 8-1.

Се вчитува...