Холандија без Силесен на Европско првенство

Првиот фаворит во нашата група на Европското првенство, Холандија ќе биде без својот прв голман Јаспер Силесен на Европското првенство.

Искусниот чувар на мрежата доби позитивен тест на коронавирус што значеше автоматски отпаѓање од списокот за Европското првенство. Тој мораше да замине во изолација и со тоа го пропушти тренинг кампот на својата репрезентација, па селекторот Де Бур мораше да го исфрли од списокот.

Де Бур не сакаше да ризикува со опорувањето на неговиот голман и враќањето на терените, па како негова замена го повика голманот на АЗ Алкмар, Марк Бизот, а во конкуренција за „бр 1“ се и искусните Тим Крул и Мартин Стекеленбург.

Холандија ќе биде наш последен противник во групната фаза на шампионатот, а мечот во Амстердам ќе се игра на 21. јуни.

Се вчитува...