Холандија сигурна со Австрија, Македонија ги загуби сите шанси за осминафинале (ВИДЕО)

Холандија со 2-0 триумифираше над Австрија во натпревар од 2. коло во Ц групата на Европското првенство и со тоа и дефинитивно Македонија ги загуби сите шанси за пласман во нок-аут фазата.

Мемфис Депај во 11. од пенал и Дензел Дамфрис во 67, беа творци на победата на „лалињата“ со која го обезбедија првото место во групата. Тоа значи дека Холанѓаните ќе може и да експериментираат на последниот натпревар од групната фаза против Македонија, но и дека со овој триумф ние ги загубивме сите шанси за пласман во осминафиналето, бидејќи загубивме и од Австрија и од Украина.

Голот на Депај можете да го погледнете на следниот линк. 

Голот на Дамфрис можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...