Холанѓанецот Дани Макели суди Македонија – Германија

Судијата Дани Макели од Холандија ќе ја дели правдата во понеделник на натпреварот Македонија – Германија.

Негови помошници ќе бидат Хесел Стегеста и Јан де Врис. Четврти судија ќе биде Сандер ван дер Ејк, а ВАР судија Кевин Блом. Помошник ВАР судија Клај Руперти.

Контролор на судењето Давид Малком од Ирска, а делегат Иван Цитович од Русија.

Макели ја делеше правдата на дуелот Македонија – Косово, во полуфиналето од Лигата на Нации, меч кој го доби Македонија и се пласираше во финалето, а потоа со победата над Грузија обезбеди пласман на ЕП.

Се вчитува...