Холифилд се врати на професионалниот бокс, но… (ВИДЕО)

Враќањето на Ивандер Холифилд во професионалниот бокс не помина на најубав можен начин. Поранешниот шампион во тешка категорија во борбата против некогашниот УФЦ шампион во полутешка, Витор Белфорт успеа да издржи само една минута пред да биде нокаутиран.

Веднаш следуваа силни удари на Белфорт по кои Холифилд заврши на подот. Се обиде да се врати, но судијата ја прекина борбата и свиреше победа за Белфорт со технички нокаут.

„Момчето е навистина силно, но јас не бев повреден. Ниту еден удар не ме повреди и судијата не смееше да ја прекине борбата. Ова е тажно на некој начин“, изјави Холифилд. 

Се вчитува...