Хондурас потклекна, Австралија е на СП 2018

Австралија е претпоследниот учесник на мундијалот во Русија, откако „кенгурите“ во денешниот реванш дуел триумфираа над Хондурас со 3-1. Откако првиот натпревар заврши без голови, Австралијците се мачеа да го скршат отпорот на противникот и во првото полувреме од реваншот.

Сепак, отпорот на Хондурас конечно го скрши Миле Јединак, кој од слободен удар го изненади противничкиот голман откако топката закачи еден гостински играч на патот до мрежата. Истиот фудбалер до крајот стигна и до хет-трик, откако судијата досуди два пенали што Јединак ги претвори во погодоци за водство од 3-0. Конечните 3-1 во 94. минута ги постави Фигероа.

Последниот патник на Светското Првенство ќе го даде реваншот меѓу Перу и Нов Зеланд, откако првиот меч на овие два ривали заврши 0-0.

Се вчитува...