Хонвед го продаде најдобриот фудбалер пред двомечот со Работнички

Работнички би требало да има барем за нијанска полесна задача на претстојниот двомеч од квалификациите за ЛЕ против Хонвед откако унгарскиот тим реши да го продаде својот најдобар фудбалер.

Давиде Ланзафаме од денеска повеќе не е член на Хонвед откако италијанскиот офанзивец потпиша договор со Ференцварош, тим каде настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Италијанецот е „дете на Јувентус“ и има настапувано за неколку клубови во својата татковина, а беше член на Хонвед од 2016 година. Минатата сезона тој беше најдобар стрелец на овој клуб со 18 постигнати погодоци.

Првиот натпревар меѓу Работнички и Хонвед ќе се игра на 11. јули во Скопје.

Се вчитува...