Хорас Грент: „Последниот танц“ е чисто сра*е

Поранешната ѕвезда на Чикаго Булс од шампионската генерација, Хоранс Грент, за кого се знае дека никогаш не бил во добри односи со Мајкл Џордан тврди дека документарниот филм „Последниот Танц“ е сра*е. Според него работите прикажани во верзијата што ја раскажува Џордан се 90 проценти неточни. На пример, вели Грант, кога Џордан им дофрлал на соиграчите, повозрасните секогаш му одговарале со иста мера, а вели во таканаречениот документарец, тие работи се исфрлени.

„Можам да кажам дека филмот е забавен, но сите ние што бевме соиграчи во тој период знеме дека 90 проценти е сра*е. Тоа не е реалноста. Чувствуваше дека може да доминира, но секогаш кога ќе тргнеше на мене му возвраќав. Но, беше срцепарателно да се гледа како се однесува кон  момците како Вил Пердју и Стив Кер, помладите момчиња. Човек кој е лидер на тимот не се однесува така. Секако дека на тренинг треба да се форсирате меѓу себе до лимитот, но да се нарекуваат луѓето со погрдни зборови за мене е неприфатливо“ – вели Грент во радио интервју.

Грент ги отфрла и обвинувањата искажани во филмот насочени кон него. Мајкл Џордан го обвинува дека тој бил изворот на информациите за книгата  „Џордановите правила“.

 

 

Се вчитува...