Хорхе Лоренцо потврди дека заминува во пензија

Трикратниот светски шампион во кралската класа во МОТО ГП шампионатот, Хорхе Лоренцо соопшти дека на крајот на сезоната ја завршува кариерата.

„Тука сум да објавам дека трката во Валенсија ќе биде мојата последна во кариерата. Среќен сум дека имав неверојатна кариера и се борев со неверојатни возачи. Секогаш вредно работев и се жртвував. Сето ова ќе беше невозможно без одредени луѓе. Ви благодарам за се“, изјави Лоренцо. 

Лоренцо во кралската класа во Мото ГП забележа 202 настапи на кои забележа 47 победи. Светски шампион беше во 2010, 2012 и 2015 година, а покрај за Хонда возеше и за екипите на Јамаха и Дукати.

Се вчитува...