Хорхе Мартин победи на спринтот во Катар

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин победи на спринтот пред трката за Големата награда на Катар која е претпоследна трка во Мото ГП шампионатот оваа сезона.

Шпанецот дојде до осмата победа во спринтот со што ја намали разликата во однос на Франческо Бањаја во генералниот пласман, па сега ги делат само седум бодови.

Втор на спринтот заврши Фабио ди Џанантонио од Гресини, додека на третата позиција на целта стигна Лука Марини.

Се вчитува...