Хорхе Мартин победник на ГН на Сан Марино

Шпанскиот мотоциклист на Прамак Хорхе Мартин е победник на трката за големата награда на Сан Марино во Мото ГП шампионатот која се возеше на патеката „Марко Симончели“.

Мартин до победата стигна на убедлив начин откако водеше од самиот старт па се до крајот. Второто место му припадна на Марко Бецеки од тимот на ВР46. Лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Франческо Бањаја заврши на одличното трето место само една недела по катастрофалниот пад кој го имаше на трката за Големата награда на Каталонија.

Легендарниот Марк Маркез ја имаше можеби и најдобрата трка сезонава освојувајќи го седмото место.

Се вчитува...