Хорхе Мартин победник на спринтот во Франција (ВИДЕО)

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин победи вторпат по ред на спринт-трката во Франција.

Шпанецот утрово ја осигура пол-позицијатаво Ле Ман, за да нешто подоцна дојде и до победата во брзата трка. Зад него заврши Марк Маркес, а на победничкиот пиедестал се најде и Маверик Винјалес. Марк и Винјалес го искористија излетувањетоод патеката на Марко Бецеки.

Мартин е прв во генералниот пласман со 28 бода предност во однос на Бастијанини, односно 29 бода од Франческо Банјаја, кој се откажа во третиот круг во Ле Ман.

Трката за Големата награда на Франција се вози утре од 14 часот.

Се вчитува...