„Хорига и Малус ќе бидат во тимот за Монпелје, но …“

Една од главните причини за убедливиот пораз на Вардар во Франција беше неиграњето на двајцата клучни ракометари, Дмитро Хорига и Јака Малус.

Како што информираше тренерот Иван Чупиќ на денешната прес-конференција, двајцата се очекува да бидат во на урешниот реванш со Монпелје, но прашање е колкава минутажа ќе добијат.

„Малус и Хорига ќе бидат утре во состав но колку и како ќе одиграат и дали ќе може да го пратат интензитетот ќе видиме утре. До вчера не тренираа денеска првпат тренираа така да ќе бидат во тимот, но колку ќе играат не знаеме“, истакна Чупиќ.

„Вардарци“ бркаат огромна негатива против Монпелје, но веќе в четврток го играат и вечното македонско дерби против Пелистер, дуел на кој „црвено-црните“ би требало да ја прослават и новата шампионска титула на домашната ракометна сцена.

Се вчитува...