Светот на фудбалот до крајност вознемирен по информаците дека на брутален начин е погубен фудбалски новинар кој „можеби бил жив запален“.
Изгорените останки на Луиџи „Лука“ Еспозито, добро познат спортски новинар од регионот Салерно во Италија, беа пронајдени по пожар на оддалечено поле
Луиџи „Лука“ Еспозито беше пријавен за исчезнат во саботата навечер откако не одговорил на повиците од пријателите. Детективите сега веруваат дека нападот се случил пред 12 часот. Изгорените останки од неговото тело беа откриени кога пожарникарите беа повикани на местото на пожар на оддалечено поле во Салерно, Италија, во неделата.
53-годишникот вообичаено бил во контакт со колегите од работа за да разговара за насловите на статиите – но тоа не се случило, а неговото последно најавување на „ВотсАп“ е евидентирано во 22:47 часот. Клучевите од автомобилот што го возел беа пронајдени до неговото тело, а неговиот мобилен телефон недостасувал.
Првично беше објавено дека бил застрелан пред да биде запален. Сега е извршена обдукција, но не е можно да се утврди дали Еспозито бил сè уште жив кога бил изгорен, што дава 50% веројатност, објавува „Ил Фато Квотидијано“.
Истражителите чекаат резултати од хистолошките и токсиколошките тестови, а земени се и примероци. Ова обично трае до два месеци.
Локалните медиуми известуваат дека трупот бил толку лошо изгорен што идентификацијата првично била невозможна, а истражителите можеле да го идентификуваат телото само откако комплетот клучеви од автомобилот се совпаднале со оние што му припаѓале на Еспозито.
Досегашната истрага покажа дека Еспозито стигнал до руралната локација Контрада Чофи во покраината Салерно околу 23 часот со својот бел автомобил „Ланчија“, врз основа на блиските безбедносни камери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
