Хорор почеток на Мото ГП викендот во Италија: Страшен пад со брзина од повеќе од 300 км/час (ВИДЕО)

Стартот на Мото ГП викендот во Италија и првите тестови вчера минаа во сенка на страшниот инцидент кој се случи на патеката.

Тест возачот на Дукати, Микеле Пири имаше ужасен инцидент откако со брзина од 355 километри на час во правецот пред звиокот загуби контрола над својот мотоцикл и полета во воздухот.

Експресно беше покажано црвено знаме, а италијанскиот возач беше итно пренесен во болница. Според првите информации од клиничкиот центар за среќа Пири минал без посериозни животозагрозувачки повреди.

Се вчитува...