Хорор-повреда на Руи Патрисио: Од Вулверхемптон потврдуваат дека денеска е подобро (ВИДЕО)

Ливерпул синоќа славеше против Вулверхемптон, но мечот беше одбележан од хорор-повредата на голманот на домашните, Руи Патрисио.

Во 87. минута Патрисио се обиде да одбрани од налетот на Мохамед Салах, но настрада.

За среќа, по натпреварот од Вулверхемптон информираа дека Патрисио е свесен и дека се чувствува добро.

„Се е во ред, Руи е свесен и комуницира. Добро се чувствува, па наскоро очекуваме да биде уште подобар“ – информираше тренерот Еспирито Санто.

Тој неколку минути по судирот остана неподвижен на терен, за на крајот да биде изнесен со носилки.

Се вчитува...