„Хорор“ повредата на кошаркар на Портланд ги засени феноменалните партии на Леброн и Дејвис… (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа на гостински терен славеа против Портланд со 113-136. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис повторно ги водеја лејкерси до победа за скор од 20 победи и три порази сезонава.

Но, мечот во Портланд го обележа повредата на кошаркарот на домашните, Родни Худ кој се повреди по само девет минути игра. До повредата дојде откако имаше незгоден доскок. Од Портланд потоа соопштија дека по деталните прегледи е констатирано кинење на Ахиловата тетива од левата нога поради што го очекува долга пауза.

Инаку, Ентони Дејвис беше најефикасен во победничкиот тим со 39 поени, дополнети и со девет скока, а Леброн Џејмс запиша 31 поен, плус и седум скока и осум асистенции.

Се вчитува...