Хорор сцена во Ливерпул – Играч на Евертон нападнат со нож, бил „мета“ на разбојници

Голманот на Евертон, Робин Олсен, бил мета на вооружени разбојници, кои му се заканувале на него и на неговото семејство во Ливерпул. Олсен бил со сопругата и децата во куќата во која влегле разбојниците и им се заканиле со нож, а потоа избегале затоа што одзеле вреден накит и луксузен часовник.

Британските медиуми објавуваат дека полицијата го истражува случајот, а Евертон им понудил помош на својот фудбалер и на неговото семејство по трауматското искуство.

Швеѓанецот не е прв избор на Карло Анчелоти на голот на „карамел“, но оваа сезона сепак собра девет настапи за тимот од Ливерпул.

Се вчитува...