Неверојатен инцидент го одбележа натпреварот од женската футсал лига во Бразил, каде наместо спортски потези, во центарот на вниманието се најде брутално насилство на теренот.
Скандалот се случи на дуелот меѓу RDJ Esport Feminino Project и Ас Ресенхас во рамките на Спортската лига Еузебио, што се игра во метрополитенската област на Форталеза. Инцидентот избувна веднаш по почетокот на второто полувреме, во моментите кога RDJ имаше водство од 1-0.
По еден старт, фудбалерка на RDJ остана да лежи на паркетот по направен прекршок. Наместо играта да продолжи, противничка ѝ се доближи и во шокантна сцена двапати силно ја шутна во главата додека беспомошно лежеше на подлогата.
Тензиите дополнително ескалираа кога една од соиграчките на нападнатата фудбалерка се обиде да интервенира. Насилната играчка потоа ја удри со тупаница во лицето, по што на теренот настана вистински хаос.
Останатите фудбалерки, членовите на стручните штабови и судиите мораа брзо да реагираат за да спречат поголем инцидент, додека снимката од немилите сцени за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции кај спортската јавност.
Brazilian futsal player Lara Do Nascimento Costa slide tackled Anna Julia Alencar and in a rush of adrenaline and emotion went ahead to kick her opponent twice in the head as she writhed in pain on the floor.
The aftermath has seen her banned from the sport for 5 years while her…
— The Football Assembly ⚽️ (@TF_Assembly) July 27, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
