Хоророт на Ансу Фати нема крај!

Сега е целосно јасно дека нешто не функционира во медицинскиот тим на Барселона, по Филипе Кутињо,  сега и Ансу Фати мора да биде подложен на четврта операција на коленото.

Ансу Фати се здоби со повреда на менискусот на 7 ноември против Бетис, а според првичните најави требаше да паузира до април. Сепак, заздравувањето беше комплицирано прво во јануари, а потоа и во текот на март, и тој мораше да помине низ нови анализи.

Планот беше Фати да започне посилни тренинзи на крајот на април, но неговото колено не покажа позитивни знаци и денес се појавија информации дека ќе мора да биде направена уште една операција.

Повредата на менискусот е специфична, а лекарите биле поделени за време на неговото закрепнување, бидејќи Фати е млад и поради тоа решил да не го отстранува менискусот, па работите повторно се искомплицирале. На долг рок, Фати би можел да биде во неволја и затоа е подготвен сега да паузира и да стори се што е потребно за никогаш повеќе да нема проблеми со истото колено.

За жал, сето ова може да влијае на него психички, по неколку операции и пауза од неколку месеци, играчите се исполнети со страв и треба многу време да се вратат во форма и да ја вратат психолошката стабилност. Ова е голема штета за 18-годишник, кој експлодираше и во репрезентативниот дрес, а пред повредата беше најдобриот играч на Барселона покрај Лео Меси.

Се вчитува...