Фудбалската треска што почнува да владее во светот се шири и на обложувањето, па така на синоќешниот дуел меѓу Германија и Курасао беше забележан рекорден облог, во висина од 730.000 долари за триумф на Германија или реми.
Облогот е направен преку платформата „Полимаркет спортс“, која објави дека нејзин корисник вложил богатство дека Курасао нема да стигне до сензационална победа над овој европски фудбалски гигант.
Германците играа променливо на последните шампионати, но овојпат избраниците на Нагелсман ја оправдаа фаворитската улога, по што храбриот обложувач стигна до заработка од 16.357 долари.
Храброст или лудост, проценете самите…
🚨BREAKING: Someone named “swisstony” just put $730k on Curacao NOT to win their match vs Germany today
This pays out $746,357.14 on Polymarket pic.twitter.com/34r4dsm1zU
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
