Христијан Бузалковски со две победи во Бугарија

Македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски заврши со две победи на третата и четвртата трка од Бугарскиот национален шампионат  кои изминатиов викенд се одржаа на патеката во Плевен.

„Имавме одличен тркачки викенд, настапуваме на оваа патека по пауза од година и пол и морам да признаам дека возевме со голема претпазливост бидејќи на таа патека имам најмногу падови. Уште од првиот тренинг успеавме да најдеме идеален сетап и продолживме да работиме на подобрување на моторциклот. Имавме пол позиција и остваривме две победи со најбрз круг. Искрено сум задоволен и се надевам дека со ова темпо  ќе продолжиме и на следните трки“ – изјави Бузалковски.

Следниот предизвик за нашиот најтрофеен натпреварувач Бузалковски за БМУ Европскиот шампионат е на 17. јуни во Грција.

Се вчитува...