Христијан Станковиќ трет на Мотокрос трката во Грција

Еден од најдобрите македонски моторциклисти, Христијан Станковиќ од „Ендуро Тим Водно“ од Скопје го освои третото место на интернационалната Мотокрос трка во Превеза, Грција, која се одржа изминатиов викенд.

„Со само еден тренинг на патеката во Грција, Христијан Станковиќ запиша навистина убав успех, стигнувајќи до подиумот во Превеза. Станковиќ беше прв на двата стартови притоа водејќи ја трката неколку кругови. Но, со оглед на тоа што првпат настапува на оваа патека непознавањето на истата си го направи своето и после голема борба мораше на крајот да се задоволи со третото место“ – информираат од „Ендуро тим Водно“.

Се вчитува...