Пелистер продолжува со подготовките за новата сезона под водство на Борче Христов кој нагласува дека максимално е задоволен од ангажманот на фудбалерите, верувајќи дека истите и тоа како ќе бидат подготвени за предизвиците кои следат.
Битолчани денеска ги очекува и првиот пријателски натпревар против грчкиот Паниониос.
„Ова е прв натпревар. Може да кажам дека сум задоволен од тоа што го сработивме досега, посебно од младите фудбалери кои се залагаат максимално и во кои гледам огромен потенцијал. Овој меч ќе ми даде повеќе информации за можностите на фудбалерите. Тука мислам на младите таленти кои ќе добијат шанса во првиот тим. Противникот е квалитетен, но и ние имаме свои математики и се надевам дека ќе се претставиме во добро светло“, вели Христов.
Натпреварот помеѓу Паниониос и Пелистер се игра денеска со почетокот од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
