Екипата на Пелистер веќе две недели интензивно тренира под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов. „Зелените“ максимално се подготвуваат за претстојната предизвикувачка сезона во Втората лига, каде конкуренцијата е исклучително силна, а примарната цел на клубот останува експресен пласман во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Сумирајќи ги првите впечатоци од досегашниот подготвителен период, тренерот Христов изрази особен оптимизам од прикажаното на контролните тестови. Предводникот на битолчани потенцираше дека е исклучително задоволен од ангажманот и формата на младите фудбалери.
„Прв натпревар. Можам да кажам дека, пред сè, сум задоволен од досега сработеното во овие десет дена. Посебно сум задоволен од залагањето на младите играчи од школата, во кои гледам голем потенцијал. Секако, овој натпревар ќе ми даде многу повеќе информации за можностите на фудбалерите, а пред сè на младите кои во голем број се приклучени на првиот тим. Противникот е квалитетен, но искрено, ние имаме свои цели и задачи, и целото наше внимание ќе биде насочено кон нив“, изјави Христов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
