Христов: Задоволен сум од триумфот во Битола, сега против Шкупи не чека еден сосема поинаков меч

Работнички запиша значајна победа од 0-2 над Пелистер на гостувањето во Битола на стартот на вториот дел од сезоната.

„Романтичарите“ дури во самиот финиш со головите на Анес Рушевиќ и на Марјан Ристовски успеа да го скрши отпорот на „фенерџијата“, но тренерот Борче Христов е задоволен од стартната победа во шампионатот.

„Знаевме дека не очекува тежок натпревар и противник кој ќе стори се за да остане непоразен. Влеговме психолошки подготвени дека ќе ја бараме победата до последен момент. Сакав да имаме контрола на играта и успеавме во тоа. Како што одминуваше времето го зголемувавме притисокот кон голот на Пелистер и на таков начин и дојдовме до двата гола. Можам да бидам задоволен од прикажаното на пролетната премиера, но тоа веднаш го оставаме зад нас и се подготвуваме за следниот меч, в недела на домашен терен го пречекуваме Шкупи. Ќе биде тоа еден сосема поинаков натпревар“ – вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

Се вчитува...