Хрватите губат верба во Златко Далиќ

Хрватската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 2-1 на гостувањето кај Велс во квалификациите за Евро 2024 и ја закомпликува својата шанса за настап на континенталниот собир.

Хрватите на два натпревари пред крајот на квалификациите се на третото место на табелата со 10 освоени бодови, а и покрај тоа што теоретски се уште имаат шанси за првата позиција, фудбалските фанови во оваа поранешна југословенска држава губат верба во селекторот Златко Далиќ.

Под водство на Далиќ Хрватска ги забележа најдобрите резултати во својата историја. Го освои сребрениот медал на Светското првенство 2018 година, бронзата на Светското првенство во 2022 година и играше во финалето на Лигата на Нации претходната година, но и покрај тоа последните анкети во Хрватска велат дека речиси половина од фановите сакаат смена на селекторскто место.

 

Се вчитува...