Хрватите имаат нов НБА-бисер: Младиот Зубац блесна против Голден Стејт (видео)

Ивица Зубац е новиот хрватски бисер во НБА-лигата, откако младиот центар веќе неколку натпревари по ред игра одлично во дресот на ЛА лејкерс. Најдоброто издание тој го имаше на синоќешниот меч против шампионот Голден Стејт, доминирајќи до дабл-дабл од 18 поени и 11 скокови (9/10 шут од поле) надополнети со две блокади).

Овој 21-годишен центар доби шанса поради повредите на двајцата центри Џавејл Мекги и Тајсон Чендлер и максимално ја искористи ситуацијата, наметнувајќи се кај соиграчите на чело со Леброн Џејмс.

„Уште еднаш се повтори, Зубац беше од огромна важност за нас, и во нападот и во одбраната. Тој прераснува во значаен играч за нашиот тим“ – истакна Џејмс, надоврзувајќи се на бројните комплименти на адреса на младиот Хрват.

Се вчитува...