Хрватите нокаутирани во Будимпешта

Хрватска во второто коло го претрпе и својот прв пораз во квалификациите за ЕВРО 2020, откако светските вицемпиони загубија со 2-1 на гостувањето во Будимпешта од селекцијата на Унгарија. Слабото издание и минималната победа на отворањето со Азербејџан како да не беа доволно предупредување, „коцкестите“ повторно се мачеа да одиграат во својот препознатлив ритам, а унгарскиот состав знаеше како да го казни тоа.

Хрватите дури и први поведоа преку Ребиќ, но одбраната не го издржа притисокот. Салаи израмни уште во првото полувреме, а во вториот дел Паткаи го совлада Калиниќ за огромна радост на Унгарците.

Шкотска повторно одигра под своите можности, но сепак стори доволно за да слави со 0-2 на гостувањето против тоталниот аутсајдер Сан Марино. Меклин го отвори резултатот во 4. минута, а конечните 0-2 ги постави Расел во 74. минута од натпреварот.

Се вчитува...