Хрватите се жалат: „Принудени да слушаме тешки навреди во Битола од Македонците, но ги замолкнавме…“

Хрватските медиуми во своите извештаи за натпреварот од 10. коло во Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб во Битола, кој на крај му припадна на хрватскиот шампион со 22-23, во голем дел се осврнуваат на навивањето на мечот и ‘бројните навреди од навивачите на македонскиот шампион’.

Хрватите се „жалат“ дека под постојан напад биле поранешните ракометари на Вардар, Дибиров, но и Чупиќ и Моралес, но и генерално Загреб.

„Од самиот старт ‘Чкембари’ кои натпреварот го гледаат на нозе, ги почестија со навреди Дибиров, кој од вардаровите денови им е лут непријател, како и Чупиќ и Моралес. Но, и на тројцата, пред се Моралес, очигледно токму тоа им беше добра инспирација“ – пишува „24 часа“ во текстот со наслов: „Загребашите слушаа тешки навреди од Македонците и ги замолкнаа во драмата“.

„Лутите Чкембари ги честеа и судиите со ‘ЕХФ мафија’ затоа што не ја заборавија претходната домашна средба и тоа што француските судии им украдоа гол против ПИК Сегед кој славеше токму за еден гол разлика“ – дополнува „24 часа“.

Сепак, Хрватите наведуваат дека најважно за нив е што е извојувана важна победа која го носи ППД Загреб кон можноста за место во следната фаза натпревари, наспроти Еурофарм Пелистер кој го запиша и десеттиот пораз од исто толку натпревари на европската сцена.

Се вчитува...