Хрватите стигнаа во Виена, сакаат Македонија да остане (ФОТО)

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Хрватска ја одработе маестрално задачата во Грац, забележа три победи во групата А, па со два пренесени бода „коцкестите“ попладнево допатуваа во Виена.

Видно расположени од сопствениот успех, селекторот Лино Червар и поранешните „вардарци“ Лука Циндриќ и Игор Карачиќ не кријат дека сакаат во австриската престолнина да останат во ист хотел со македонските ракометари, па и да ги одмерат силите со „црвено-жолтите“ во „Штадхале“.

За тоа да се случи, неопходно ќе биде вечерва Австрија да капитулира среде Виена, нешто што воопшто не е „невозможна мисија“ за македонските ракометари.

Се вчитува...