Хрватските медиуми со помалку сензационалистичка вест дека легендарниот германски голман, Мануел Нојер е во преговори за настап следната сезона во дресот на сплитски Хајдук.
Директорот на Хајдук, Лука Јакобушиќ наводно веќе бил во сериозни разговори за ангажман на еден од најдобрите светски голмани кој во последните 12 години е незаменлив дел од Баерн Минхен.
Нојер следната сезона го завршува договорот со Баерн, па Хајдук тука ја гледал својата шанса. Посебно и поради фактот дека односите на Нојер со Баерн се нарушени откако на скијање ја скрши ногата, но и по отказот на Тони Топаловиќ, кој е најдобар пријател на Нојер, од Баерн.
Хајдук сака да ја искористи и љубовта на Нојер кон Сплит и хрватското приморје. Добро е познато дека германскиот голман секое лето го минува на Јадранот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА