Хрватот Миочиќ – нов УФЦ шампион (видео)

Хрватот Стипе Миочиќ се закити со титулата во УФЦ откако во фантастична борба во Анахајм славеше над Даниел Кормие, со технички нокаут во четвртата рунда.

Искусниот Кормие беше подобар во првите три рунди, но Миочиќ блесна во четвртиот дел, најпрвин испрати неколку удари во телото на ривалот, а кога тој почна да се брани во тој дел, следеше завршницата – кон главата на Кормие.

Погледнете ја завршницата од оваа одлична борба и нокаутот со кој Миочиќ стигна до титулата.

Се вчитува...