Кадетската репрезентација на Хрватска се закити со златниот медал на Европското првенство – Б дивизија што се одржуваше во Македонија. Хрватите покажаа најмногу на шампионатот, сите натпревари до финалето ги добија со над 20 поени разлика, но во мечот за златото неочекувано налетаа на силен отпор од Исланд, ривалот што го победија убедливо во групната фаза во Гевгелија.
Финалето сепак беше сосема поинаква приказна, Исланѓание изненадија со цврста одбрана, исфрлувајќи го од ритам атомскиот хрватски напад, па беа дури и на чекор до сензација, имајќи водство од 66-67 на шест секунди до крајот. Тогаш блесна најдобриот хрватски кошаркар Укиќ, погодувајќи тројка со која го донесе трофејот на својата селекција..
Укиќ, кој заслужено беше избран за МВП на шампионатот, го заврши финалето со 27 поени и 11 асистенции.
Покрај Хрватска и Исланд, промоција во А-дивизијата обезбеди и Естонија, која во мечот за третото место го совлада составот на БиХ со 83-67.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
