Хрватска добива големо засилување за олимписките квалификации

Хрватска би можела сериозно да се засили за претстојните олимписки квалификации откако се почнати разговори за доделување на пасош на Американецот Шеј Ларкин. Извонредниот бек на Анадолу Ефес беше дел од својот тим на турнирот во Задар, по што потврди дека е заинтересиран да го облече дресот на „коцкестите“.

„Можам да кажам дека дефинитивно сум отворен за оваа идеја. Би било одлично да заиграм на едни олимписки игри, секако дека идеалната варијанта би била во американски дрес, но во оваа ситуација сум сериозно заинтересиран да го облечам дресот на Хрватска“ – истакна Ларкин.

Хрватскиот национален тим не обезбеди пласман на СП во Кина, но сепак се најде на списокот на селекции кои ќе играат предолимписки квалификации за последните билети за Токио. Шансите да се стигне до олимписка виза дефинитивно се поголеми доколку се има Ларкин во тимот.

Се вчитува...