Хрватска го освои златото на Ф4 турнир во Скопје

Одбојкарската репрезентација на Хрватска вчера „преживеа“ против Македонија во полуфиналето, а вечерва ја совлада Белорусија во финалната пресметка и стигна до златниот медал на завршниот Ф4 турнир во Сребрената Европска лига.

Хрватите славеа со 3-1 во сетови, искачувајќи се на првото место на пиедесталот на турнирот кој изминатите два дена се одржа во салата „Кале“ во Скопје.

Селекцијата на Хрватска го доби првиот сет со 25-16, но Белорусите возвратија во вториот и триумфираа со 25-20. Третиот сет донесе најголема возбуда, а на крајот им припадна на хрватските одбојкари со 26-24. По ова, Хрватска успеа да го комплетира финалниот дуел со 25-23 во четвртиот сет, за конечно славје на завршниот турнир во Скопје.

Се вчитува...